(ВИДЕО) Адвокатот на Нинџа: Има општо закани и се чувствува несигурен

Од:

Адвокатот Sвонко Давидовиќ по судењето каде Александар Василевски-Нинџа осуден за „27 април“ го тужи Наум Стоилковски за клевета, посочи дека пресудата за упадот во Собранието не е донесена врз база на исказот од тужителот. Тоа е причина поради која ја поднеле тужбата.

„Сакам да се разбере затоа што гледам дека има недоразбирање околу она што е предметот на спорот. Ние за 27 април многу пати кажавме и е манлива пресудата и дека таму се злоупотребени правата на обвинетите и дека се судени за исти настан во четири различни групи каде што луѓево навистина добија огромни казни и тоа е неспорно. Но во конкретниот случај не се работи за тоа. Во конкретнит случај се тврди дека таа пресуда е донесена само врз основа на исказот на сведокот Александар Василевски Нинџа што не е точно затоа што тој бил обвинет и не е сведок и има право да се брани како што сака а во својот исказ не спомна ниту едно лице. Значи он ја даде неговата одбрана а пресудата од 1000 и непшто страни е базирана врз основа на 36 сведоци куп други материја и воопшто не тврдиме дека е исправна“, вели Давидовиќ.

Тој додава: „Второ тие 211 години не се поради исказот на Нинџа, него поради подигнаото обвинение и начинот на работење на судијата кој што го пресуди предметот пртоив што сме комплетно. Но од друга страна ако бараме да се запази навистина правдата и правниот систем факте е дека Александар Василевски ниџа не дал таков иказ, дека пресудата не е базирана врз основа на неговите искази а со самот тоа му се загрозува безбеноста затоа што луѓето кои се осудени како што и кажа сам да го цитирам „симпатизерите на ВМРО“ можат да помислат дека истиот е клучен за таквата пресуда што воопшто не го става во позиција каде што би се чуствувал комотно и пријатно, ниту он ниу неговото семејство. Затоа ви потенцирам овде се работи за клевета за никаква шетета за ништо друго. Предметот како предмет е еден и за него многу сме зборувале и пишувале, но да се тврди дека еден човек е одговорен за судбината на другите обвинети, во ситуации каде има куп материјални докази, куп сведоци и едно несовесно работење, едно чудно работење на судечкиот судија е навистина некоректно“.

Адвокатот бара одговорност од Стоилковски. Посочува: „Има општо закани и се чустувува несигурен. Затоа и беше пренесен од затворот Штип во затворот Скопје“.

„Токму сега тоа ви го објаснив, баш како поборници на право и правна држава требаше да поднесеме затоа што прво овде да утврдиме, не бараме вина, овде бараме одговорност за нанесена клевета. Клеветата е повторно повторувам дека Александар василевски нинџа врз основа на неговиот исказ е донесена пресуда и луѓето се осудени 211 години, второ дека се пазарел заради таа своја изјава и е помилуван, а не е помилуван“, додаде Давидовиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска