ВИДЕО: 1. март 1992, крвава свадба како почеток на крајот на СФРЈ

Од:

Плач, лелек, неверување. Фотографиите и видеото сведочат за еден настан, кој значеше почеток на крајот на некогашната СФРЈ.

Се се случи на 1. март 1992. година.

Тој 1. март, во црквата Свето Преображение во Сараево се венчаа Милан Гардовиќ и Дијана Тамбур. Свадбениот ручек беше на познатата Башчаршија.

sahrana-nikole-gardovica

Поворката ја пресече бел голф со 4 вооружени лица, кои го нападнале таткото на младженецот кој одел прв и го веел српското знаме.

Беше предизвикана тепачка. Припадникот на Зелените беретки, Рамиз Делалиќ-Чело истрелал куршум во Никола Гардовиќ кој починал неколку минути подоцна во возило на Брза помош.

Ова меѓуетничко убиство се случи за време на одржувањето на референдум за независност на Босна и Херцеговина.

Избирачите од српска националност, кои се залагаа за опстанок на заедничката држава, не излегоа на референдумот.

ubistvo-gardovica

Таков нелегитимен референдум, бидејќи требаше според Уставот, да биде поддржан од трите народи, го отвори патот за невидени меѓусебни судири и злочини.

merlin02

Убиството, српските медиуми го наведуваат како еден од поводите за почеток на воените злосторства и опсадата на Сараево.

Британскиот историчар Ноел Малколм оцени дека убиството било „прозирно“ искористено за пропагандни цели.

За убиството на Никола Гардовиќ се уште никој не одговарал. Разим Делалиќ е убиен во Сараево во 2007. година.

Полицијата на БИХ изјави дека се справувале со криминалците во Сараево.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски