Извршената ДНК анализа која е земена од возилото, конкретно од наслонувачите за глава на седиштата покажува дека таа ДНК потекнува од еден од обвинетите кој што е во бегство, вели адвокатот на оштетените, Дафинка Ивановска, по завршување на денешното рочиште за „Монструм“ кое продолжи со искази на вештаците.
-Денеска имаше искази по однос на вештачењето за ДНК анализите што беа и причина за повторно судење, меѓутоа на еден несомнен начин вештакот Роберт Јанески кажа дека нема можност за манипулација туку со сигурност е утврдена ДНК-та на еден многу суптилен, електронски и пишан начин. Вршена е анализа за ДНК која е земена од внатрешноста на возилото, од седиштата, наслонувачите за глава и со сигурност се утврдува дека таа ДНК потекнува од еден од обвинетите кој што е во бегство, вели Ивановска по што додаде дека оваа констатација е точна и не може да се побие во ниту еден случај.
Африм Исмаиловиќ и Алил демири се вајцата обвинети во случајот „Монструм“, кои се наоѓаат во Косово. По овие двјаца имаше распишано меѓународна потерница. Тамошните власти првичн го одбија барањето за екстрадиција тврдејќи дека не биле доставени доволно докази што укажуваат на нивна вмешаност во случајот.
Во август оваа година од Министерството за правда до Основниот суд Скопје 1 пристигна писмо со известување дека и официјално е започната нова постапка за екстрадиција на двајцата обвинети , Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се наоѓаат во Косово.
Виктор Јованов