Зеленски донесе одлука: Украина продолжува да го брани Бахмут

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите воени команданти одлучија да продолжат да го бранат источниот украински град Бахмут, кој руските сили и платениците на Вагнер со месеци се обидуваат да го освојат. Зеленски имале средба со командантите на украинската армија се наведува во соопштението испратено од кабинетот на украинскиот претседател.

„На средбата детално се разговараше за ситуацијата во Бахмут“, се вели во соопштението и се додава: „Учесниците се договорија да продолжат со одбранбените операции и дополнително зајакнување на нашите позиции во Бахмут“.

Покрај Зеленски и воените команданти, на средбата беа и шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак, шефот на военото разузнавање Кирило Буданов, украинскиот премиер Денис Шмихал и генералниот секретар на Советот за национална одбрана и безбедност Олексеј Данилов.

Руските сили напредуваат во обидите да го освојат Бахмут. Денеска има информации за жестоки борби во и околу градот. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин неодамна се обиде да ја омаловажи важноста на Бахмут, велејќи дека неговиот пад нема „да биде оперативна или стратешка пречка“ за украинската војска.

Би можело да ве интересира

Орбан: Зеленски директно се вмеша во изборната кампања на Унгарија

Зеленски: Путин не е во затвор, тоа е најголемиот компромис досега

Путин не остапува: Средба со Зеленски само во Москва

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Зеленски се соочува со историска одлука: Избори и референдум за мир веќе на 24 февруари

Орбан: Планот на ЕУ за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија