ВИДЕО: Силни екплозии во Киев, има мртви и повредени

Од:

Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени во ноќниот руски ракетен напад врз Киев, кој уследи по серијата напади со дронови врз украинскиот главен град во текот на денот.

Силни експлозии одекнале во центарот на Киев околу 1 часот по полноќ, откако украинското воздухопловство предупредило за балистичка ракета која се движи кон градот. Следувале уште два бранови експлозии.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека остатоци од ракети паднале во повеќе градски населби, при што биле оштетени станбени и административни објекти, автомобили и медицински установи.

Во една од погодените области, остатоци паднале во близина на породилиште. На објектот биле искршени прозорци и оштетена фасадата, а едно лице загинало на блискиот паркинг. Оштетен бил и дијагностички медицински центар.

Спасувачките екипи интервенирале и во други делови на градот, каде што биле пријавени оштетувања и пожари.

Во моментот на нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски се наоѓал во Њујорк, каде што на маргините на Генералното собрание на ОН се сретнал со членови на американскиот Конгрес. Тема на разговорите бил и предлог-законот познат како „законот на Линдзи Греам“.

Зеленски на платформата Икс повика на дополнителна американска поддршка, вклучително и системи за пресретнување балистички ракети и санкции против Русија и оние кои, според него, ѝ помагаат економски.

Киев во последните денови е цел на повеќе руски воздушни напади. Во нападите со дронови на 23 септември загинаа две лица, а најмалку 43 беа повредени, додека беа оштетени железничка инфраструктура, станбени објекти и историски пазар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците со дронови го погодија најголемиот руски дата-центар

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

ВИДЕО: Русите жестоко го нападнаа Киев, Украинците ги обвинуваат сојузниците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија

ВИДЕО: Зеленски изненаден од објавата на Трамп, но го прифаќа примирјето, се чека Путин