ВИДЕО: Русија го нападна Киев со дронови, загина 14-годишно момче

Од:

Руски дрон утрово погоди 16-катна станбена зграда во киевскиот кварт Печерск, при што загина 14-годишно момче, а девет лица се повредени. Осуммина од повредените се пренесени во болница, соопштија украинските власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нападот го опиша како „апсолутно брутален и болен удар, лишен од воена логика“.

Според Зеленски, од почетокот на денот руски напади има во осум украински региони. Во Одеската област едно лице загина при напад врз поштенски терминал, додека во Запорожје е погодена здравствена установа.

Повредени има и во Сумската и Миколаивската област, наведе Зеленски.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили во текот на ноќта со беспилотни летала гаѓале објекти на украинската одбранбена индустрија, логистички центри и пловни објекти за кои тврдат дека ги користат украинските вооружени сили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лимитирањето на „Старшилд“ за Украина е по наредба на Белата куќа

ВИДЕО: Украинците со дронови го погодија најголемиот руски дата-центар

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

ВИДЕО: Русите жестоко го нападнаа Киев, Украинците ги обвинуваат сојузниците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија