ВИДЕО: „На ракета, да те е**м“ – снимка од одговорот на Зеленски на руски новинар стана вирална

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше кратка размена со дописникот на рускиот државен медиум „Вести“ за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Додека Зеленски минуваше со својата делегација покрај новинарите, дописникот Валентин Богданов неколкупати го праша како планира да отпатува во Москва.

Зеленски првично не реагираше и продолжил да се движи, а потоа со раката ја покри устата и на руски му одговорил: „На ракета, е*ате“.

Снимката од кратката размена брзо се прошири на социјалните мрежи и во медиумите.

Размената се случила во период кога повторно се разговара за можноста за директни преговори меѓу Киев и Москва. Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН се сретна и со американскиот претседател Доналд Трамп.

Според кабинетот на Зеленски, двајцата разговарале за можни чекори за деескалација и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.

Зеленски изјави дека Украина е подготвена да престане со нападите врз руската енергетска и извозна инфраструктура доколку Москва го направи истото.

На средбата било разговарано и за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана пред зимата. Киев бара дополнителни американски системи „Патриот“ и ракети-пресретнувачи, како и можност за нивно производство во Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците со дронови го погодија најголемиот руски дата-центар

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

ВИДЕО: Русите жестоко го нападнаа Киев, Украинците ги обвинуваат сојузниците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија

ВИДЕО: Зеленски изненаден од објавата на Трамп, но го прифаќа примирјето, се чека Путин