Владиката Пимен за Мукоски: Би патувале во авион со човек кој може да ја отвори вратата?

Од:

Владиката Пимен оваа година не отиде во Ватикан за чествувањето на празникот св. Кирил и Методиј. Тој скоро секоја година е дел од македонската делегација која ја претстасвува државата во Рим.

Отец Пимен на социјалната мрежа „Фејсбук“ објасни зошто не присуствувал на одбележување на традиционалната манифестација, прашувајќи дали некој би патувал во авион заедно со Крсто Мукоски, знаејќи дека пратеникот може да ја отвори вратата.

„Кога ме прашувате зошто оваа година не бев во делегацијата за Рим и Ватикан, запрашајте се искрено дали вие би патувале во ист авион со човек кој може да отвори врата“, напиша отец Пимен.

Крсто Мукоски беше обвинет дека ги отворил вратите за да демонстрантите влезат во Собранието на 27 април. Подоцна, тој беше амнестиран од обвинението за крвавите инциденти.

Годинава, државната делегација која патуваше за Ватикан беше предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, а со него беа пратениците Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, Ирена Стефоска, Крсто Мукоски, генералниот секретар Цветанка Иванова, вицепремиерот Кочо Анѓушев, заменик министерот за култура Владимир Лазовски, државниот секретар во МНР Виктор Димовски и директорот на Комисијата за односи со верски заедници, Даријан Сотировски.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Почина папата, што по неговата смрт?

Горан Наумовски

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Ватикан: Папата Франциск денеска ги засили физичките и работните активности

А1он

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент