Вино испратено во Вселената заради научни истражувања

Од:

Неколку десетици шишиња врвно француско вино во саботата беше испратено на Меѓународната вселенска станица, но тоа нема да биде наменето за астронаутите, туку во научни цели – ќе се проучува како виното созрева во Вселената.

Црвеното Бордо ќе остане една година на ИСС, доволно да се согледа како бестежинската состојба и вселенската радијација влијаат на созревањето на виното. Целта, меѓу другото, е да се развијат и нови вкусови и својства во оваа гранка на прехранбената индустрија.

Во ова истражување учествуваат универзитетите на Бордо и Баварија.

По враќањето на Земјата, виното ќе се спореди со тоа што било отстоено во земни услови.

Тоа е првата од шесте вселенски мисии планирани наредниве три години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Граѓаните се охрабрија: Извршителката ме натера да си ја откупам куќата, еднаш од банката, еднаш од соседот

A1on

(ВИДЕО) Без партиски врски, студентот добива само смрдлив тоалет и руинирана бања – Какви се условите во студентските домови

A1on

(ВИДЕО) „Ден на дрвото“ – проект без ефект: За голи ридови, маркетинг и спотови потрошени 14 милиони евра

A1on

Пронајдена зона без живот на Земјата

Татјана Ташкова

Астронаут ќе пушта музика од вселената

Кирилов: САД спроведуваат биолошки истражувања