(ВИДЕО) „Ден на дрвото“ – проект без ефект: За голи ридови, маркетинг и спотови потрошени 14 милиони евра

Од:

Она што многумина го зборуваа за време на акцијата „Ден на Дрвото“ дека државата троши милионски суми за рекламирање и одржување на проекти без никаков ефект, се покажа како точно.

Екипата на „А1он“ ги провери локациите каде што се пошумувало во периодот од 2008 до 2016 година. На најголемиот дел од локациите ридовите се празни, а онаму каде што има дрва, најголемиот дел од садниците не се зафатени.

Според податоците Државниот инспекторат за шумарство и ловство, биле пошумени 12.870 хектари и засадени 35.211.986 садници за време на 13 акции „Ден на дрвото – засади ја својата иднина “. Но, процентот на прифатеност на садниците на ниво на Македонија изнесува 21%, односно прифатени се или преживеале само 7.394.518 садници.

Во Тетово биле засадени 803.500 садници, а се фатиле само 0,07 отсто. Во скопскиот реон се садеше најмногу во месноста Ајватовски рид зафатеноста е 21,44%. Тука дрвца засадуваше и поранешниот премиер Никола Груевски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Граѓаните се охрабрија: Извршителката ме натера да си ја откупам куќата, еднаш од банката, еднаш од соседот

Орце Костов

(ВИДЕО) Без партиски врски, студентот добива само смрдлив тоалет и руинирана бања – Какви се условите во студентските домови

Орце Костов

Вино испратено во Вселената заради научни истражувања

Ана Ололовска

Пронајдена зона без живот на Земјата

Татјана Ташкова

Кирилов: САД спроведуваат биолошки истражувања