(ВИДЕО) Останал без 21 член на семејството во израелски напад: „Не би му го посакал ова ниту на најголемиот непријател“

Од:

Палестинец кој загуби 21 член од своето семејство во израелски воздушен напад, изјави за Скај њуз дека не би ги посакал тоа да му се случи ниту нанајголемиот непријател.

Ахмед Алнаук, ко-основач на палестинската непрофитна организација „Ние не сме броеви“ со седиште во Газа, рече дека неговите три сестри, двајца браќа и 14 внуки и внуци биле убиени во израелски воздушен напад врз куќата во која живееле.

„За некој да разбере како се чувствувам, треба да го доживее она што јас го доживеав. Го кажав и претходно и ќе повторам, дека она што го чувствувам не би му го посакал на мојот најголем непријател“, рече тој.

Тој опиша дека било 4 часот наутро кога се разбудил „панично“, верувајќи дека нешто се случило. „Го проверив мојот телефон и добив порака од еден од моите пријатели. Ми кажаа дека Израел го бомбардирал мојот дом, мојот семеен дом и сите што биле таму биле убиени“, рече тој.

Тој рече дека сè уште е во контакт со една од неговите внуки во Газа, која му кажала дека не можела да јаде повеќе од една недела.

„Ова беше најболниот повик што сум го имал во животот. Ми рекоа дека се исплашени, дека се осамени, дека се гладни, дека се жедни. Ситуацијата што ја доживуваме во Газа е катастрофална ситуација. А катастрофа“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израелски авиони ги бомбардираа Латакија и Тартус на западот на Сирија

Ал Шара: Израел нема повеќе изговори да изврши воздушни напади во Сирија

Израел нападна ракетни складишта и аеродроми во близина на Дамаск

Нетанјаху им порача на Иранците: Еден ден вашата земја ќе биде слободна

Израел се подготвува за нов напад во Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Израелската армија уништи 80 отсто од остатоците од сириската армија

Горан Наумовски