Верската служба во Австрија повторно ќе се одржува од 15 мај со заштитни маски

Од:

Верската служба во Австрија повторно ќе се одржува од 15 мај, но со задолжително носење заштитна маска и растојание од два метра помеѓу верниците, соопшти денеска австриската министерка за култура и верски парашања, Сузан Раб.

Црквите ќе имаат обврска да обезбедат за секоја личност простор од 20 квадрати и задолжително и редовно дезинфицирање на кваките и сите предмети што ги допираат верниците.

За почитување на мерките ќе мора да се грижат редари.

Архиепископот на Виена кардиналот Кристоф Шонборн изјави дека мерките се договорени со сите 16 цркви и верски заедници што се признати во Австрија.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски