Освои 12 милиони евра, но веќе два месеци не ја подигна добивката

Од:

Маж од Штаерска, Австрија, на 19 јули го освои првиот џекпот со осумцифрена сума во историјата на австриската лотарија. Речиси два месеци подоцна, нема никаква трага од добитникот, пренесува весникот „Хојте“ (Hoyte).

Ова е невообичаено за лотаријата во Австрија.

„И нам ни е интересно; обично е потребна една до една и пол недела за добитникот да се јави“, изјави портпаролот на лотаријата, Гинтер Енгелхарт.

Зошто непознатиот маж од Штаерска сè уште не ја побарал својата голема добивка, останува мистерија. Дури и претставниците на лотаријата можат само да нагаѓаат.

„Една теорија е дека добитникот можеби е на одмор и затоа не брза“, рече Енгелхарт.

Поминаа речиси два месеци откако беше извлечен џекпотот. Останува нејасно дали мажот воопшто е свесен дека му следуваат повеќе од дванаесет милиони евра.

Единственото нешто што е сигурно е начинот на кој е постигната оваа рекордна победа. Два дена пред одлучувачкото извлекување, тикетот е уплатен во обложувалница во Штаерска. Единствениот познат детал е дека тоа се случи во Горна Штаерска.

Непознато лице одигра шест комбинации со „случаен избор“. Шестиот тикет беше добитен: сите броеви се совпаднаа, со што сопственикот на тикетот стана мултимилионер.

Со своите шест точни броја, мажот од Штаерска го освои првиот џекпот со осумцифрена сума во историјата на австриската лотарија. Само еднаш претходно добивка на лотарија со шест броја во Австрија беше поголема: во 2018 година, играч од Долна Австрија освои околу 14,9 милиони евра.

На извлекувањето на 19 јули биле уплатени речиси 11,3 милиони комбинации на околу два милиони тикети. Ова опфатило 74 отсто од сите можни комбинации на броеви.

Би можело да ве интересира

Фиктивна фирма, лажни документи и милионски пратки: Австрија откри како воена опрема стигнува до Русија

Во детската соба подготвуваше масакр, сакаше сè да пренесува во живо – уапсен е 14 годишен Австриец

А1он

Кнајсл: Дипломатијата на ЕУ не функционира затоа што дипломатите размислуваат како блогери

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

23-годишник од Македонија пронајден мртов во езеро во Австрија

Банди откопуваат ковчези и крадат златни заби од починатите – осквернавени се над 240 гробови во Австрија

А1он