Србин е уапсен во Германија за убиство: Маж е отруен со наркотици, се истражува улогата на неговите познаници

Од:

Германската полиција уапси маж (40) по потекло од Србија, под сомнение дека е вмешан во убиството на маж (39) во Хамбург пред еден месец.

Како што јавија тамошните медиуми, за истото кривично дело, освен Србинот, со лисици на рацете е врзан и државјанин на Сирија (25).

– Неколку недели откако телото беше пронајдено во стан во една од областите на Хамбург, инспекторите за убиства почнаа да го истражуваат случајот. Двајца од уапсените се познаници на починатиот – се наведува на порталот Хамбургер Абендблат од каде се додава дека полицијата во четвртокот извршила претрес во домовите на Сириец и Србин.

– Помлад маж е уапсен поради налог за апсење во друг случај – изјавија тие.

Како што потсетуваат тамошните медиуми, мртвиот маж (39) полицијата го пронашла во станот кон средината на април по повик од соседството.

-По пријавата полицијата ја скршила вратата и во станот пронашла тело. Најпрвин немало сомнеж дека некој е вмешан во смртта на мажот, но понатамошните анализи покажале дека човекот бил отруен со наркотици – наведува споменатиот портал.

При претресот на станот на двајцата осомничени полицијата пронашла одредени докази кои упатуваат на нивна вмешаност во смртта на мажот.

– Доказите се испратени на вештачење и анализа. Како осомничениот Србин и Сириец биле вмешани во смртта сè уште не се соопштува – пишуваат медиумите.

Би можело да ве интересира

Одложено судењето на Вангелица Илијевска, ќе се прави супервештачење на Клиниката за психијатрија за обвинетата Илијевска.

Катерина Ѓуровски

Маж (25) во Германија повлече девојка (18) под воз што доаѓаше од спротивната насока, двајцата се мртви

Доган: Германија одбива да испрати нови ракети „Патриот“ во Киев

Писториус: Трамп мора да се извини

Горан Наумовски

Го убија другарот (15) со нож и секира, па го запалија телото – причина за злосторството е љубомора

А1он

Напад во Австралија: Тројца убиени, напаѓачот е во бегство