Според претседателот на Бразил нацистите “без сомнение” биле левичари

Од:

Бразилскиот десничарски претседател Жаир Болсонаро по денешната посета на Музејот на холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим, изјави дека нема сомнеж оти нацизмот бил левичарско движење.

Тој за бразилските телевизии ја повтори изјавата на бразилскиот министер за надворешни работи Ернесто Араужо, кој исто така тврди дека нацистите биле левичари.

Болсонаро одговарајќи на новинарско прашање дали се согласува со Араужо, истакна: „Тука нема сомнеж, зарем не? Во прилог на тоа е и што во самото име на нацистичката партија – Национална социјалистичка партија на Германија, вклучен е зборот ’социјалистичка’“.

Тврдењето на Болсонаро е во спротивност на информациите кои се наоѓаат на интернет-страницата на Музејот на холокаустот, каде се наведува дека нацистичкото движење во Германија настана од десничарски радикални групи како одговор на порастот на комунизмот во земјата.

Болсонаро, исто така, го згреши и името на партијата, кое беше Националсоцијалистичка германска работничка партија. Нацистите и покрај името, ја следеа фашистичката и антисемитистичка, а не социјалистичката идеологија.

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Полицијата уби вооружен напаѓач кој два часа држеше деца како заложници

А1он

ВИДЕО: Уапсен сериски убиец во Бразил, тврди дека има 80 жртви

Најмалку 10 лица загинаа во автобуска несреќа во Рио де Жанеиро

Истрага против синот на претседателот на Бразил – има сомнеж за трговија со влијание и корупција

А1он

Халанд го елиминира Бразил

Горан Наумовски