А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Шојгу со поддршка за Венецуела во отпорот против САД

by А1он15/08/2019 - 18:36315
Share0

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изрази поддршка за напорите на Венецуела да се спротивстави на „обидите на САД да ја сменат законски избраната влада“, јави ДПА.

Добивај вести на вибер

Шојгу овој став го изразил на денешната средба со својот венецуелски колега Владимир Падрино Лопез во Москва, јави руската државна агенција повикувајќи се на извадоци од нивниот разговор.

„Ние ги поддржуваме напорите на владата за спроведување независна надворешна политика и борбата против обидите на САД да ја сменат законски избраната влада“, кажал Шојгу.

Русија е еден од најсилните поддржувачи на социјалистичката влада на Венецуела, која во изминатите години обезбеди кредит од милијарди долари за оваа јужноамериканска држава.

Во услови на недостиг од храна и лекови, на економија зависна од извозот на нафта, Венецуела се наоѓа на работ на колапс, поттикнат од масовните протести на противниците на претседателот Николас Мадуро.

Соединетите американски држави го осудуваат Мадуро и го поддржуваат неговиот политички ривал, лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател, пренесе ДПА.

rusijasadvenecuela

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 19:55

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:07

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:06

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:06

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:06

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто