Шекеринска им се заблагодари на војниците за придонесот во борбата со Ковид-19

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојуваше во посета на касарната „Чеде Филипоски – Даме” во Кичево. Целта на беше да им се заблагодари на војниците за придонесот што го дадоа во борбата за справување со пандемијата Ковид – 19.

На свеченоста во касарната беа наградени војниците кои најмногу се истакнале во овој период. Пред припадниците на армијата се обрати министерката Шекеринска која зборуваше за успесите и достигнувањата на нашата армија во периодот од две години.

– Секоја вистинска армија е подготвена до излезе во пресрет и да ги заштити граѓаните на кои им припаѓа. Уште пред два и пол месеца армијата се распореди на првите борбени линии, заедно со здраствените работници и полицијата, армијата ги обезбедуваше државните граници, виталните објекти, го контролираа влезот и излезот на патните правци во кризните подрачја, во поддршка на локалните самоуправи и во сите тие чекори беше со својот народ. Со својот пример докажавте како треба да се заштитиме, делевме хуманитарна помош, ја подигнавме мобилната болница пред Инфективната клиника, за среќа не беше употребена, ја исполнивте својата мисија да бидете во служба на граѓаните беспрекорно. Зато јас ќе ги посетам сите касарни за да ви се заблагодарам во име на сите граѓани, рече Шекеринска.

Нагласи дека се исполнети ветувањата што им беа дадени на припадниците на армијата. – Ниту една најава не беше лесно дадено ветување, но денеска можам да кажам дека секој припадник војно лице има за 16 отсто поголема плата, цивилните лица имаат 28 отсто поголема плата, па така од професионални војници кои примаа 20.000 денари денеска примаат најмалку 30.000 денари нето плата. Тоа покажува дека во период од само две години ги зголемивме приходите. Сега стенарината е над 8000 денари, ја подмладуваме армијата, обезбедиме дополнителни 700 војници, не оставивме ниту еден професионален војник на цедило, рече Шекеринска.

Таа го истакна и најголемиот успех – членството во НАТО поле 30 години излагање станавме 30 членка на алијансата , потенцираше министерката Шеќеринска денеска

Пред војниците во касарната во Кичево, таа го истакна и најголемиот успех и исполнување на сттарешката цел – членството во НАТО.

Би можело да ве интересира

За 24 часа санкционирани 697 лица за неносење маска

Ана Ололовска

Расте бројот на заразени и починати од Ковид, Филипче бара итно носење на законските измени

Ана Ололовска

Во Македонија вкупно се заболени 7.408 лица

Кристијан Ландов

Во велешката болница се лекуваат и тешки случаи на заразени со коронавиурс, поради натрупаноста на скопските клиники

Ландов

Филипче: Состојбата е критична, есенскиот бран „коси“ и никој не е поштеден

Ландов

Три жени починаа од Ковид-19 на штипското Инфективно одделение

Жарко Настоски