СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

Од:

Сѐ што СДСМ го посочуваше изминатиот месец се потврдува пред очите на граѓаните. Планот на Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не беше за дијалог ниту за реформи. Станува збор за смислено сценарио за распишување на веќе договорени предвремени избори а потоа мигранти за пари. Сценарио во кое сите институции се заробени во канџите на власта а Македонија намерно се држи во изолација, за да течат криминални тендери. Дополнително, со резолуции и законски решенија се удира врз слободата на говорот на опозицијата, се гуши демократијата и се создава атмосфера на страв, велат од СДСМ.

– Целосно е окупиран правосудниот систем – воспоставена е контрола врз обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, обвинители премиерот ги нарекува „медиокритети“ а не сака да им се извини, се носат измени на Кривичниот законик за спас на функционерите на власт…Целта е целосна контрола и заштита на криминалот и корупцијата. СДСМ нема да биде дел од такво сценарио и нема да учествува во негово легитимирање туку јавно ќе продолжи да се спротивставува.

Власта не ја сака Техничката влада затоа што влезот на министри од опозицијата значи увид во злоупотребите и во целиот коруптивен систем што го воспостави. Со оглед на тоа дека Антикорупцискиот тим на СДСМ веќе започна со објавување на сериозни афери, постојат уште многу работи кои се кријат од очите на граѓаните.

Во наредниот период, АКТ ќе покаже уште многу примери – зошто мора да остане техничката Влада. Техничката влада мора да остане, затоа што таа претставува последна институционална линија на одбрана од злоупотреба на најважното демократско право – слободната волја на граѓаните во изборниот процес. Техничката влада е единствената реална светлина и можност, обид за чесни и фер избори. Секој обид за нејзино укинување во вакви услови е директен напад врз демократијата и слободните избори, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

НСДП: Без техничка влада нема фер избори

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“