Решение за Законот за државјанство ќе има на почетокот на следната недела

Од:

Премиерот Зоран Заев очекува на почетокот на следната недела да се најде решение за измените и дополнувањата на Законот за државјанство, предложени од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Тој изјави дека многу од дилемите поврзани со измените на законот се решени, а деталите треба да бидат разработени од министерствата за внатрешни работи и за правда.

– Нашата земја со интервенција во Законот за државјанство во 2004 година, во преодните одредби, дава една можност со која граѓаните, кои се наши апатриди и немаат друго државјанство, тоа го добијат. Тоа е завршено и мислам дека се работи за околу 5000 граѓани. Сега, според Алијансата на Албанците и Алтернатива, има околу 1500 граѓани без државјанство. Но, според евиденцијата на Управата за водење на матични книги, се работи за 750 граѓани. Верувам дека не може да бидат повеќе од 1500 до 2000. Да се работи и за само еден човек, ние треба да ја завршиме работата, потенцира Заев.

Тој нагласи дека жали што во Собранието се блокира Законот за управување со кризи, а рокот за постоење на кризна состојба истече ноќеска.

– Денеска е последниот ден Парламентот, претседателот на државата и Владата да најдат правно решение. Затоа што, со повлекувањето на Армијата од јужната и од северната граница, ќе биде отворена бегалската рута, што ќе претставува проблем за Република Северна Македонија, регионот и за Европа, потенцира Заев.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?