А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Реакции поради убиството на командантите Сулејман и ал Мухандис во Багдад

by А1он03/01/2020 - 13:36591
Share0

Закани за одмазда, осуди и апели за деескалација на тензиите предизвика американскиот напад врз багдадскиот аеродром при што загинаа иранскиот генерал Касем Сулејман и командантот на проиранските ирачки милиции Абу Махди ал Мухандис.

Добивај вести на вибер

Портпаролот на Иранската револуционерна гарда, Рамазан Шарих изјави дека Гардата и антиамериканските сили во муслиманскиот свет ќе бараат одмазда за нападот врз лидерот на иранската елитна бригада Ал Кудс, генералот Касем Сулејмани.

– Радоста на ционистите и на Американците брзо ќе премине во тага, посочи Шарих.

Ирачкиот премиер во оставка Адел Абдел Махди по синоќешниот американскиот напад врз багдадскиот аеродром, при што загинаа иранскиот генерал Сулејман и командантот на ал Мухандис ќе предизвика војна во земјата и во регионот.

– Израмнувањето на сметки со иранските раководни лица или со пријателска земја на ирачка територија е флагрантно кршење на условите, што дозволуваат присуство на американските војници, посочи Махди.

И иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и претседателот на Иран, Хасан Рохани ветија дека ќе ја одмаздат смртта на генералот.

– Маченичката смрт на Сулејмани двојно ќе ја зголеми одлучноста на Иран да му се спротивстави на американскиот експансионизам и да ги заштитува нашите исламски вредности, наведе Рохани.

По веста за загинувањето на генерал Сулејмани, по петочната молитва на улиците на Техеран излегоа десетици илјади луѓе. Тие носеа слики од генерал Сулејмани и извикуваа „Смрт за Америка“.

На убиството на Сулејмани и реагираше и лидерот на либански Хезболах, Саид Хасан Насралах. Тој најави дека неговата шиитска милициска група ќе продолжи по стапките на генерал Сулејмани.

Додека во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи се осудува „подлата и криминална американска агресија“ при што загина генерал Сулејмани.

Во соопштението се посочува американскиот напад претставува сериозна ескалација на тензиите на Блиски Исток.

На ист став дека денешното убиство на генерал Сулејмани ќе доведе до ескалација на тензиите како во Ирак, така и во регионот се и Велика Британија и Русија.

Шефот на британската дипломатија Доминик Раб апелираше до сите страни во Ирак да придонесат за деескалација на тензиите во регионот.

– Отсекогаш сме сметале дека иранските единици на генералот Касим Сулејмани се агресивна закана. По неговата смрт, ги повикуваме сите страни на деескалација, изјави британскиот министер за надворешни работи Раб.

Велика Британија има околу 400 војници во Ирак, претежно во базата Таџи северно од Багдад.

По нападот на американската армија врз аеродромот во Багдад израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет закажа итен состанок со воената команда и началниците за разузнавање за да разговара за безбедносните прашања по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани. На состанокот ќе учествува и Авив Кохави, шеф на израелскиот Генералштаб на армијата.

Во меѓувреме Амбасадата на САД во Багдад ги повика своите граѓани итно да го напуштат Ирак.


Пентагон соопшти дека операцијата во Багдад е преземена по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, додека Конгрес не бил известен за нападот.

За американските демократи нападот во Багдад и убиството на генерал Сулејмани ќе предизвика ескалација на судирот со Иран.

Слично реагираше и Џо Бајден, наведувајќи дека потегот ќе предизвика ескалација на судири во веќе ризичен регион.

– Претседателот Трамп уфрли динамит во кутија со ќибритчиња и и должи на американската нација објаснување за стратегијата и планот за да се заштитат нашите војници и амбасади, луѓе и интереси, дома и во странство како и наши партнери во регионот и пошироко, објави Бајден на Твитер.

irakiransad

Би можело да ве интересира

Иранскиот министер за спорт: Нема да играме на Светското првенство во фудбал

А1он11/03/2026 - 16:4511/03/2026 - 16:30

Иран: Подгответе се за цена на нафтата од 200 долари за барел

А1он11/03/2026 - 15:4111/03/2026 - 15:43

(ВИДЕО) Голем број граѓани на Иран се собраа во Техеран за погребот на убиените команданти

Горан Наумовски11/03/2026 - 14:34

(ВИДЕО) Иран тврди: Ќе се бориме сè додека „сенката на војната“ не се отстрани

Горан Наумовски11/03/2026 - 14:23

Блументал: Изгледа ќе испраќаме копнени трупи во Иран

Горан Наумовски11/03/2026 - 14:08

Трамп: „Ако Иран ме убие, еве што ќе се случи со таа земја“

Горан Наумовски11/03/2026 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен