Американската амбасада во Ријад ги предупреди Американците дека хотелите би можеле да бидат цел на напади

Од:

Американската амбасада во Ријад соопшти дека ги следи заканите кон Американците и ги предупреди сите американски граѓани во Саудиска Арабија да побараат безбедност, како и дека хотелите би можеле да бидат цели.

– Ги следиме извештаите за закани кон локациите каде што се собираат американски граѓани. Ги советуваме американските граѓани дека хотелите и другите места за собирање, вклучувајќи ги американските бизниси и американските образовни институции, може да бидат потенцијални цели, се вели во соопштението на американската амбасада во Саудиска Арабија.

Амбасадата ги повика Американците да останат во своите згради и да се држат подалеку од прозорците до понатамошно известување.

Би можело да ве интересира

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје