ПСЖ прифаќа понуда од 300 милиони евра, Мбапе одлучува дали оди во Саудиска Арабија

Од:

Килијан Мбапе би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Парижаните се бесни на него бидејќи тој веќе направил договор со Реал Мадрид да оди таму следното лето и затоа сега сакаат да го продадат и наводно прифатиле понуда од 300 милиони евра од Ал Хилал!

Клубот од Саудиска Арабија фрла многу пари, испратил астрономска понуда до Пари Сен Жермен и според „Скај Спорт“ била прифатена од раководството на клубот. Сепак, не зависи се од нив, сега Мбапе го има последниот збор. Ако прифати оди таму, ако одбие, францускиот клуб ќе мора да бара ново решение.

Помеѓу „светците“ и најголемата млада ѕвезда на светскиот фудбал веќе некое време има несогласувања. Се шпекулира дека тој веќе договорил се со Реал и дека доколку тоа е вистина, ПСЖ не би добил ниту евро од обештетувањето. Затоа прават се за да заработат од продажбата. Да потсетиме, ПСЖ го исфрли Мбапе од тимот и не замина на подготовки во Јапонија.

Би можело да ве интересира

Пирес: Би сакал да го видам Мбапе во Ливерпул

(ВИДЕО) Мбапе се изнасмеа на прашањето на момче дали ќе се пресели во Арсенал

Горан Наумовски

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Мбапе добива бонус од 160 милиони евра доколку потпише договор со Реал

Мбапе ја одби понудата од 40 милиони евра за заминување од Пари Сен Жермен

Мбапе се почасти со кола од половина милион евра, ама не може да ја вози

Предраг Петровиќ