(ВИДЕО) Мбапе се изнасмеа на прашањето на момче дали ќе се пресели во Арсенал

Од:

Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ и според се ќе стане играч на Реал Мадрид. Сепак, со оглед на тоа што се уште официјално нема потпишано договор со кралевите, навивачите на другите клубови се надеваат дека Французинот ќе избере друга дестинација. Сега на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како млад навивач разговара со Мбапе.

Младиот човек иако е во дресот на ПСЖ, но, очигледно навива за Арсенал, и се обиде да го „регрутира“ Мбапе за преселба во лондонскиот клуб.

На видеото се гледа како навивач му вели на Мбапе „дојди во Арсенал“, а Французинот реагира смеејќи му се во лице.
Арсенал!?“, прашал видно изненаден Мбапе.

„Ќе те пазиме“, му рекол навивачот, а Мбапе му го скрши срцето со следните два збора.

„Нема шанси!“, изјави Мбапе, но навивачот не се откажа и го праша зошто мисли така.

„Таму е премногу ладно“, му рекол Мбапе.

Би можело да ве интересира

Пирес: Би сакал да го видам Мбапе во Ливерпул

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Мбапе добива бонус од 160 милиони евра доколку потпише договор со Реал

ПСЖ прифаќа понуда од 300 милиони евра, Мбапе одлучува дали оди во Саудиска Арабија

Предраг Петровиќ

Мбапе ја одби понудата од 40 милиони евра за заминување од Пари Сен Жермен

Мбапе се почасти со кола од половина милион евра, ама не може да ја вози

Предраг Петровиќ