Мбапе добива бонус од 160 милиони евра доколку потпише договор со Реал

Од:

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и францускиот репрезентативец Килијан Мбапе ќе добие бонус од 160 милиони евра од Реал доколку потпише договор со мадридскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.

Мбапе има договор со шампионот на Франција до јуни следната година, а повеќепати одбиваше да ја продолжи соработката со клубот од Париз.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе планира да го напушти ПСЖ на крајот на сезоната, а потоа да потпише договор со Реал како слободен играч. Францускиот репрезентативец ќе добие 160 милиони евра како бонус за овој потпис.

Раководството на Пари Сен Жермен е бесно на Мбапе поради оваа постапка. Француските медиуми истакнуваат дека нема начин челниците на „светците“ да го убедат Мбапе да ја промени својата одлука.

Мбапе одигра 260 натпревари за ПСЖ и постигна 212 гола со 98 асистенции.

Би можело да ве интересира

Пирес: Би сакал да го видам Мбапе во Ливерпул

(ВИДЕО) Мбапе се изнасмеа на прашањето на момче дали ќе се пресели во Арсенал

Горан Наумовски

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

ПСЖ прифаќа понуда од 300 милиони евра, Мбапе одлучува дали оди во Саудиска Арабија

Предраг Петровиќ

Мбапе ја одби понудата од 40 милиони евра за заминување од Пари Сен Жермен

Мбапе се почасти со кола од половина милион евра, ама не може да ја вози

Предраг Петровиќ