Мбапе мора да оди на операција

Од:

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе ќе мора да оди на операција на носот.

Новиот напаѓач на Реал Мадрид заработи повреда на крајот од мечот со Австрија која им припадна на „триколорите“ со 1:0.

Мбапе со носот го удри Кевин Данс, по што тој остана да лежи.

Му беше укажана лекарска помош, а набрзо местото на теренот му го отстапи на Оливие Жиру.

Дидие Дешан по натпреварот изјави дека ситуацијата не е добра и дека Мбапе најверојатно го скршил носот, по што потврда стигна од Францускиот фудбалски сојуз.

Мбапе ќе биде опериран во Дизелдорф, а се уште не е познато дали ќе мора да се повлече од Европското првенство.

Следниот натпревар Франција го игра против Холандија на 21 јуни од 21 часот во Лајпциг.

Би можело да ве интересира

Потпиша за Реал, па доби БМВ од 200.000 евра – но не знае да вози

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид

Килијан Мбапе официјално објави дека го напушта ПСЖ

Пирес: Би сакал да го видам Мбапе во Ливерпул

(ВИДЕО) Мбапе се изнасмеа на прашањето на момче дали ќе се пресели во Арсенал

Горан Наумовски

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ