Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

Од:

Во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието на РМ пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан, остварија средба со Рускиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.

На оваа официјална средба беше разговарано за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на мултиполарниот свет. Акцент беше ставен на актуелните безбедносни предизвици на светската политичка сцена, но и на состојбата во регионот, информираат од партијата.

Од страна на нашите пратеници беше истакнато дека Левица се залага за отворена соработка со сите големи сили и членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Русија. Цениме дека развојот на односите со Русија се од круциално значење за Македонија, а оваа земја претставува огромна можност за економска, трговска, но и културна размена.

Македонскиот народ во огромен дел не се согласува со владината политика на санкции кон оваа земја. Оттука, од наша страна беше истакнато дека санкциите, под притисок на ЕУ и НАТО, воведени од претходната Влада, кои продолжуваат да дејствуваат во засилено темпо и при актуелната власт, се неоправдани и во спротивност од интересите на двете земји, велат од Левица и додаваат дека средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа.

Би можело да ве интересира

Песков: Москва не може да биде принудена на преговори

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

(ВИДЕО) СБУ користеше дронови за напад на рускиот аеродром на Крим, уништени се хеликоптери

Горан Наумовски

Русија го раскина нуклеарниот договор со Шведска

Русија изгуби 1.017.720 војници во Украина

Руските авиони ја вознемирија Полска кој ги „подигна“ авионите