Песков: Москва не може да биде принудена на преговори

Од:

Русија не може да биде принудена на преговори за прекин на војната со Украина со санкции од ЕУ, бидејќи само логиката и разумните аргументи можат да ја доведат на преговарачка маса, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Невозможно е да се принуди Русија со каков било притисок или насилство – изјави Песков за руската државна телевизија.

Тој изрази увереност дека новиот пакет санкции што го подготвува ЕУ на крајот ќе биде усвоен и покрај противењето на Словачка.

Песков нагласи дека колку се построги казнените мерки, толку посилна ќе биде реакцијата на Москва и дека санкциите се меч со две острици.

Би можело да ве интересира

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна