Петровска: Ќе го заштитиме секој граѓанин од закани и насилство, масовно ќе излеземе да гласаме за режим никогаш повеќе

Од:

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната прес конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар од режимската и насилничка матрица.

„Сосем малку им требаше да продолжат онаму кај што ги запревме во 2016 година – После првиот изборен круг, членови и активисти на ДПМНЕ продолжија да се закануваат со насилство кон граѓаните кои не се дел од оваа партија.

За тоа доказ се и фотографиите зад мене – ова се само мал дел од заканите кои членовите на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги испраќаат, а за кои сведочат граѓаните секојдневно на социјалните мрежи“, вели Петровска.

„Еве дел од нивата содржина: „Ајде во втор круг со ново мнозинство и да ги гониме по улици како шинтери џукели“, „Ти се бројат деновите гаде предавнички“, „Гробови да ви се отворат“, „Мора ја снема оваа чума“, „Живи да ги закопаат“.

Граѓаните сведочат дека во општините каде победија кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, почнале да прават списоци на луѓе кои се членови или поддржувачи на СДСМ, со најави за некакви наводни одмазди“, рече Петровска.

„Синоќа во Вевчани лице од личното обезбедување на Христијан Мицкоски влегло во угостителски објект, легитимирало и се заканувало кон присутните гости.

Така правеше и обезбедувањето на Никола Груевски – влегуваше во телевизии и бараше од камерманите и новинарите да бришат видеа и фотографии на кои се гледа Груевски.

Така правеше полицијата на МВРО-ВМРО кога вршеше упади по медиуми, кога апсеше студенти по библиотеки. На тој начин убија дете на скопскиот плоштад во 2011 година, кога славеа изборна победа.

Кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ во Василево физички нападна активистка на СДСМ. Поминаа 24 часа, а осуда од единствената кандидатка градоначалничка Данела Арсова нема. Го поддржувате ли насилството врз жените, госпоѓо Арсовска? Осуда нема ниту од политичката партија ДПМНЕ, затоа што очигледно дека тоа е нивниот старо нов концепт.

Поддржувач и пријател на новиот градоначалник на Бутел Дарко Костовски на јавно место им се закани на двајца жители на Бутел, дека доколку не се иселат ќе ги убие. Осуда нема.

Додека СДСМ е на власт вие ќе бидете заштитени, а нивните заканите ќе им останат само на уста изговорени. СДСМ и демократските институции на државата се гарант за заштита на народот од насилниците.

Но, за да се запре овој налет на обидот да се врати режимот и да им се стави СТОП на нивните закани за репресија, мораме да се обединиме и да излеземе во недела да гласаме.

Да гласаме за да си ги заштитиме граѓаните и државата од нови внатрешни насилства, конфликти, омрази, делби и одмазди.

Да гласаме за да продолжиме да живееме во мирна, слободна, граѓанска и безбедна држава.

Можеби имате десетици причини да бидете незадоволни, но има една причина доволно силна за не поддржите во победата, а тоа е слободата“, рече Петровска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

СДСМ: На Македонија и треба единство за членство во ЕУ, а не за мораториум

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ