Објавена листа на најсилни армии во светот: Македонија на 108 место

Од:

На листата на најсилни национални вооружени сили на „Глобал Фајрпауер“ САД ја заземаат првата позиција, додека Македонија е на 108 позиција.

Врз основа на фактори како што се количината на воена опрема и војници на секоја земја, но и нивната финансиска состојба, логистичките капацитети и географските услови, меѓу другото, се генерира рејтинг „Индекс на моќност“, при што понискиот рејтинг укажува на посилна армија , објаснува „Бизнис инсајдер“.

Соединетите Американски Држави ја имаат најсилната армија во светот, а по нив – со многу мала разлика – се Русија, потоа Кина, Индија, Обединетото Кралство, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија.

По сите вложувања на западните земји во армијата на Украина, таа е на 15-то место на оваа листа.

Од земјите од регионот најдобро е Србија, 58. позиција на листата, додека зад неа се Хрватска на 69, Словенија на 86, Албанија на 91, Македонија на 108, Црна Гора на 128 и Босна и Херцеговина на 133.

„САД го зазедоа првото место бидејќи ги покажуваат најдобрите бројки во клучните категории на материјали, финансиски и ресурси“, објави Global Firepower.

Во соопштението се нагласува дека на Америка и е доделен рејтинг од 0,0712 „Индекс на моќ“. Со 92 уништувачи, 11 носачи на авиони, 13.300 авиони и 983 борбени хеликоптери, заклучно со април 2023 година, земјата беше рангирана на прво место во многу области, вклучувајќи ја големината на нејзината авионска флота, бројот на воени бродови и силата на нејзината транспортна флота. Исто така, САД имаат убедливо најголем буџет за одбрана од 761,7 милијарди долари, што е речиси три пати повеќе од Кина, која е на второто место со буџет за одбрана од 230 милијарди долари, пишува „Бизнис инсајдер“ за американската војска.

Во прегледот за 2023 година, „Global Firepower“ зеде предвид 145 светски сили.

Би можело да ве интересира

Враќање на задолжителниот воен рок во Србија – Ми дадоа убедлив аргумент за тоа, вели Вучиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Военото раководство на Србија демантира дека сакале да влезат во Косово: Навреда за интелектот

Шведскиот премиер бара помош од армијата поради зголемените уличните пресметки на бандите

Горан Наумовски

Сисли: Швајцарската војска сака да потроши 50 милијарди франци до 2030 година

САД и Северна Македонија склучија 10 годишен патоказ за соработка во одбраната

Русија воведе голема промена во регрутирањето војници