Брисел бара ограничувања за руските вооружени сили

Од:

Европската Унија има намера да побара од Русија, во случај на започнување мировни преговори за Украина, ограничувања што би биле идентични со оние што Москва ги бара од Киев, изјави шефицата на европската дипломатија Каја Калас.

Според западните медиуми, Калас изјавила, во пресрет на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на Кипар, дека Брисел планира да постави контрауслови за Москва доколку се одржи мировниот процес.

„Мораме да бараме од Русија истите отстапки што Русија ги бара од Украина“, изјави Калас.

Таа нагласи дека сите можни воени ограничувања што би биле воведени на украинската страна би морале да важат за руските вооружени сили, врз основа на принципот на реципроцитет.

Според неа, европските земји имаат намера да инсистираат и на повлекување на руските трупи од Молдавија и Грузија. Кога станува збор за Грузија, таа мисли на Абхазија и Јужна Осетија.

Калас уште во февруари објави дека Европската Унија ќе подготви список на барања за Русија како дел од можните разговори за решавање на украинскиот конфликт. Таа претходно изјави дека намалувањето на големината на руските вооружени сили би можело да биде дел од мировниот план.

Од друга страна, Алексеј Полшчук, директор на Вториот оддел за земјите од ЗНД во руското Министерство за надворешни работи, изјави дека е потребен значителен напредок во решавањето на конфликтот за да се постави прашањето за повлекување на руските трупи од Приднестровие.

Прашањето за безбедносните гаранции и воените ограничувања е едно од најчувствителните во потенцијалните преговори за Украина, бидејќи Москва долго време инсистира на демилитаризација на Украина, додека Брисел сега најавува дека истиот принцип треба да важи и за Русија.

Би можело да ве интересира

Лавров: Украина ќе плати висока цена за нападите врз руските цивилни цели

Горан Наумовски

Русија со нов удар врз украинската логистика: Погодени камиони и цистерни

Џефри Сакс: „Америка веќе не е единствената суперсила во светот“

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

Поранешен шеф на МИ6: „Траен мир во Украина е невозможен додека Путин е на власт“

Бескрестнов: Украина ќе ги зголеми нападите врз Русија на 1.000 дневно