Невработените кумановци, лани најмногу заинтересирани за практикантство и самовработување

Од:

Над 150 работодавачи и скоро двесте млади лица од Куманово, лани биле вклучени во мерката практиканство од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019-та, информираа денеска од Центарот за вработување Куманово.

Традиционално, голем интерес кумановци пројавиле и за мерката субвенционирање на плати со која се креирале нови работни места во 66 фирми, а биле вработени 84 лица.

Во мерката – вработување и раст на правните субјекти учествуваа 31 работодавач , а 44 лица се вработија со поддршка на оваа програма.

Седумдесет и четири невработени лица решија својот проблем на невработеност да го решат преку оваа мерка и се формираа 62 фирми и едно лице со посебни потреби е дополнително вработено во фирмите што се основани преку оваа програма-изјави, раководителката на Центарот, Марија Димитријевска.

Невработените лани, редовно ги посетувале и обуките, меѓу нив за занаети во кои биле вклучени 33 лица.

На локално ниво, 30-тина неработени ја следеле и обуката за побарувани занимања, за службеник во книговодство и обуката за персонални асистенти на лица со попреченост.

Интерес имаше и за обука за познат работодавач во која беа вклучени тројца работодавачи и три невработени лица кои успешно ја завршија обуката и веќе се вработени во фирмите.

Во програмата Општо-корисна работа беа вклучени 31 лице како образовни асистенти на лица со попреченост кои се вклучени во редовниот процес на образование.

Минатата година околу 90 лица аплицирале и за учество во обука за напредни ИТ вештини.

Би можело да ве интересира

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов

Куманово објави повик за оброк за ранливите категории граѓани