А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Uncategorized

На грчкиот остров Самос ќе се гради нов прифатен центар за бегалци и мигранти

by А1он30/10/2019 - 14:58236
Share0

На островот Самос, каде што во прифатен центар наменет за 648 лица, според официјалните податоци заклучно со 28 октомври 2019 престојуваат 5999 бегалци и мигранти, ќе се гради уште еден нов центар за прием и идентификација, откри заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата на островот што заедно со Лезбос се најпогодени од бранот бегалци и мигранти.

Добивај вести на вибер

-Знаете дека Самос има околу десет пати повеќе население во центарот за прием и идентификација од она што по правило би требало да има. Ситуацијата е многу тешка. Правиме сѐ што можеме за да ја растовариме областа и имаме јасен временски рок, нешто за кое ќе бидеме во можност да го соопштиме во следните денови, во однос на изградбата на друг центар за прием и идентификација за да може да стане похуман процесот за овие луѓе, како за жителите, така и за оние што се сместени таму, рече портпаролот на грчката влада.

За процесот на распределување на бегалците и мигрантите од островите во други делови на Грција, Пецас рече дека е завршен конкурсот од Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за хотелите кои што понудиле да примат лица што имаат профил на бегалци. Објасни дека ги разгледуваат резултатите, а соработуваат и со локалните власти и секогаш во согласност со локалното население.

-Она што ние гледаме да го направиме по завршувањето на конкурсот е да видиме кои се областите што се со прекумерен број, постојат други каде што има помалку и да постои распределба на праведен начин. Уште еднаш повторувам дека ова се однесува на луѓе кои имаат бегалски профил и во главно говориме за семејства, објасни Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Утре, планирано е грчкиот Парламент да гласа за новиот закон за процедурите за доделување азил, а веројатно обраќање пред пратениците ќе има и премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис.

grcijamigranti

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски24/03/2026 - 13:2424/03/2026 - 13:24

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:07

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он02/03/2026 - 18:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто