Мета: На Албанија и треба надеж, мора да се запре одливот на мозоци и на младите

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета во објава на Фејсбук наведува дека заминувањето на младите од земјата е рак рана на албанското општество.

Додава дека на Албанија и треба надеж и нагласува дека подоброто образование на младите е најголемата надеж за земјата.

Смета дека мора да биде запрен одливот на мозоци и младата и покреативна сила.

„Албанија денеска има потреба од надеж повеќе од кога и да било! Доброто образование на младите е најголемата надеж на нашата земја и најважната инвестиција за иднината. Мора да се запре одливот на мозоци и младите и покреативни сили на општеството, пишува Мета.

Според него заминувањето на младите и затворањето на многу студиски насоки на универзитетите низ целата земја е „една многу голема рана“.

„На нашите млади треба да им се понуди поголема надеж и алтернативи за образование и вработување. На Албанија и е потребно „brain gain“а не „ brain drain”, порачува Мета.

Поради масовното заминување, пред се, во западно европските земји, во многу сектори во земјата веќе се чувствува недостиг на работна сила.

Деновиве актуелизиран е проблемот со недостиг на здравствен кадар. Во последната деценија Албанија ја напуштиле 4.000 лекари и 9.000 медицински сестри.

Би можело да ве интересира

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски

Скандал во Албанија со интимни снимки од познат композитор и жени од јавниот живот

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пекол во Албанија: Пожарот стигна до куќите, изгореа три домови – жителите во паника