А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Матарела назначи посредник во обидот за формирање нова влада на Италија

by А1он30/01/2021 - 09:25381
Share0

Италијанскиот претседател Серџо Матарела ја довери работата за формирање нова влада во рацете на посредник по оставката на премиерот Џузепе Конте.

Следете a1on на Instagram Instagram

Матарела му се обрати на спикерот на Долниот дом Роберто Фико и му порача да посредува меѓу политичките сили од претходната владејачка коалиција „во обид да ја оживее“. Шефот на државата му даде четири дена на Фико за да постигне напредок, соопшти претседателскиот кабинет.

Во последните денови, и самиот Матарела разговараше со одделни партии. Неуспехот да се формира нов кабинет може да доведе до предвремени избори и потенцијална политичка криза, во време кога Италија се соочува со пандемија од коронавирусот и рецесија.

Матарела се обидува да формира влада што ќе остане на власт до крајот на парламентарниот мандат во 2023 година. Сепак, тоа е тешко да се постигне во Италија, каде што се вообичаени нестабилни влади.

Следете a1on на Youtube YouTube

Фико е од популистичкото Движење пет ѕвезди и е претседател на Долниот дом од 2018. Името на овој левичарски политичар неодамна беше споменувано како можен нов премиер ако Конте не собере поддршка да застане повторно на чело на валдиниот кабинет.

Конте поднесе оставка во вторникот.

italijaitalija vladakontematarela

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 22:53

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on24/10/2026 - 20:43

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Горан Наумовски23/10/2026 - 13:11

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски20/10/2026 - 08:1120/10/2026 - 10:52

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 09:0919/10/2026 - 12:33

Конте е подготвен да го преземе Манчестер Јунајтед

А1он15/10/2026 - 21:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео