Максим Димитриевски влезе во трката за претседател

Од:

Движењето „За Наша Македонија“ (ЗНАМ) на вечерашниот Конгрес ќе им предложи на членовите кандидат за претседател на државата да биде лидерот на движењето и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Според портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, на Македонија ѝ треба татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата.

-На Македонија ѝ треба надеж, стабилност, сигурност, правда и иднина. Претседател кој ќе го даде максимумот за земјата. За првпат граѓаните ќе имаат можност да го дадат својот глас за одредена опција, а не како досега да гласаат против, рече Мемов на прес-конференција.

Од утре ќе почнат да собираат потписи за кандидатурата на Димитриевски кој е седмиот кандидат за претседател на изборите кои ќе се одржат на 24 април.

Би можело да ве интересира

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји!

А1он

Димитриевски: ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

Димитриевски го осуди вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски