Левица: Каков имот кријат функционерите на ДПМНЕ и зошто ДКСК не реагира

Од:

Левица најостро ја осудува праксата на непрофесионално, паушално пополнување на анкетните листови за имотна состојба од страна на функционерите на ДПМНЕ. Ова однесување претставува флагрантно потценување на законските обврски и грубо поткопување на транспарентноста и интегритетот на јавните функции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, функционерите се должни до Државната комисија за спречување на корупција да достават анкетни листови, односно детално да го пријават имотот за нив и нивното семејство, како и секоја промена во имотот која ќе настане во текот на нивниот мандат. Сепак, и без да се познаваат личните прилики на функционерите на ДПМНЕ, кај грото од нив можат да се забележат крајно паушални податоци, односно неправилности и со тоа – несоодветно исполнување на законската обврска.

Согласно јавно достапните податоци, може да се забележи дека министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, има пријавено пет недвижнини. Помеѓу неговиот стан во Банско, може да се забележи и дека: тој поседува стан во Карпош од 38м2 во вкупна вредност од 2,39 денари; неговиот брачен другар има куќа во Габрово со површина од 315м2 со вкупна вредност од 28 денари и двор од 44м2 со вкупна вредност од 1,5 денари; неговиот брачен другар има и стан во Карпош со површина од 55м2 кој чини 3,5 денари.

Пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Бети Стаменкоска – Трајкоска, која е втор мандат пратеник, и покрај кредитот кој го пријавила, како сопственик се појавува само на акции стекнати во 2005 година во Стопанска банка, Макстил и ЗК Пелагонија, по примерот на нејзините родители коишто исто така поседуваат голем имот во акции. Пријавила три моторни возила, сите на име на нејзиниот брачен другар. Недвижнините се само на име на нејзините родители, а пријавила и градежно изградено земјиште со површина од 134м2 во вредност од 0 денари. Иако е согласно Закон и подзаконски акти должна да го пријави целиот имот, нејзин и на нејзиното семејство – нема пријавено ниту банкарски сметки.

Пратеничката Иванка Василевска од ДПМНЕ, во својот анкетен лист пријавила дека има стан во Центар со површина од 99м2 со вредност од 1 денар.

Се поставува прашањето: Зошто ДКСК кротко го толерира ова непочитување на законската обврска? Отсуството на сериозна проверка и соодветно постапување од страна на ДКСК не само што ја поткопува довербата во институциите, туку овозможува продолжување на праксата на прикривање на реалниот имот на носителите на јавни функции. Корупцијата не се спречува со затворање на очи пред вакви манипулации.

Во наредниот период Левица јавно ќе ги објавува сите неправилности и забелешки за “пријавениот имот” за носителите на јавни функции со цел да се стимулира ДКСК на соодветно постапување.

Бараме ревизија на анкетните листови на сите функционери и процесуирање на сите кои со неточни или лажни податоци ја изигруваат законската обврска,велат од Левица.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Системот функционира, се водат истраги и се апсат луѓе кои во време на СДС беа заштитени и недопирливи

Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат

ВМРО-ДПМНЕ: Популизмот на Апасиев падна во вода пред доказите за луксузирање низ Грција, џиповите, имотот во строг Центар и кафе бар

Предраг Петровиќ

Мицкоски:Очекуваме голема победа на локалните избори

Левица: Антикорупционерот Димитровска, избрана со максимум бодови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – го олицетвори трулиот систем

(ВИДЕО) Јанчев од Левица: Кадровата политика на оваа влада го доуништува здравството