Градот Белград упати помош за Македонија

Од:

Градот Белград денеска упати тим од седум луѓе, две специјални возила и две пумпи во Скопје за што побрзо санирање на последиците од поплавите кои го зафатија Скопскиот регион, изјави директорот на „Беоком сервисот“ Дарко Главаш.

– Белград сочувствува со народот на Македонија, рече Главаш и потсети дека и Србија ја погоди вакво невреме и дека е човечки да се помогне, соопштуваат од Белградската управа.

Главаш посочи дека ЈКП „Белградски водовод и канализација“ го испратило своето најголемо возило за одзатнување фекалии, сливнички врски и за собирање содржини од канализациии и од подруми. ЈКП „Градска чистота“ голема фекална цистерна која ќе помага во чистењето на кал, а ЈП „Белград води“ две пумпи со голем капацитет од 2.000 литри во минута кои ќе помогнат за испразнување на вода од канализациската мрежа, од водоводните и канализациските системи и од индвидуални куќи.

Според него, планирано е екипите во Македонија да останат седум до 10 дена, а доколку Владата на Македонија и Градот Скопје одлучат дека помошта им е неопходна подолго време, таа ќе остане колку што е потребно.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници