Европската унија го суспендираше договорот за визно олеснување за Русија

Од:

Европскиот совет денеска донесе одлука за целосно суспендирање на договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија.

Од следната недела за руските граѓани ќе важат општите правила на визниот законик, што ќе резултира со зголемување на таксата за аплицирање за виза од 35 на 80 евра, потреба од поднесување дополнителна документација, продолжување на времето за обработка на визата и рестриктивни правила за издавање визи за повеќе влезови.

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан рече дека денешната одлука е директна последица на постапките на Русија и доказ за европската посветеност кон УкрÐ �ина.

„Договорот за визно олеснување обезбедува привилегиран пристап до ЕУ за граѓаните од доверливи партнери со кои споделуваме заеднички вредности. Со својата неиспровоцирана и неоправдана агресорска војна, вклучително и неселективни напади врз цивили, Русија ја наруши довербата и ги погази основните вредности на нашата меѓународна заедница“, рече тој.

Одлуката, како што е најавено, веќе денеска ќе биде објавена во службениот весник на ЕУ, а ќе почне да се применува од понеделник, 12 септември.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина подготвува одговор на новата руска ескалација

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Русија го напдна Киев со ракети и дронови, двајца мртви

Русија тестира необична одбрана од украински дронови: Балони треба да ги соборуваат од небо

Предраг Петровиќ

Русите продолжуваат со нападите врз украинските мостови

Над половина од руските нафтени капацитети се надвор од погон, тврди Украина