ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Од:

Европската Унија ќе воведе контрамерки во форма на царини за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра (28 милијарди долари), почнувајќи од следниот месец. Ова денеска го соопшти Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија.

Ројтерс објави дека овој одговор на царините од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум во САД од целиот свет, кои стапија на сила денеска по наредба на претседателот Доналд Трамп, ќе разгори глобална трговска војна.

Ројтерс пренесува дека неименуван претставник на ЕУ изјавил дека Брисел останува отворен за преговори и смета дека високите царини не се во ничиј интерес.

Европската Комисија најави дека контрамерките ќе стапат на сила на 1-ви април, а целосното спроведување на тарифите ќе започне од 13-ти април.

– Контрамерките што денеска ги преземаме се силни, но сразмерни. Со оглед на тоа што САД применуваат царини во вредност од 28 милијарди долари, ние одговараме со контрамерки во вредност од 26 милијарди евра. ЕУ мора да ги заштити своите потрошувачи и бизниси, рече Фон дер Лајен.

Контрамерките на ЕУ вклучуваат царини за различни американски производи, од чамци до виски и мотоцикли.

Брисел најави дека започнува двонеделен период на консултации во кој ќе се избираат и други категории американски производи кои ќе подлежат на царини.

Овие нови царини ќе важат за стоки во вредност од околу 18 милијарди евра.

„Во меѓувреме, ќе останеме отворени за преговори“, рече Фон дер Лајен.

Овие контрамерки беа воведени откако „Политико“ објави дека ЕУ ќе го удри Трамп со „чекан“ како одговор на неговите царини за увозот на европски челик и алуминиум.

„ЕУ ќе го користи чеканот затоа што се толку фрустрирани од Трамп“, рече претставник на европската челична индустрија кој инсистираше на анонимност.

„Политико“ оцени дека ЕУ, како заеднички пазар од 450 милиони луѓе, сака да испрати јасна порака дека е подготвена да ги брани своите економски интереси доколку Трамп ја засили трговската војна.

Би можело да ве интересира

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Не ни требаат вашите автомобили, дрво и нафта, набрзо ќе видите – Трамп им се закани на Канаѓаните

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски