Директорот и тренерот на Црвена звезда се повредени во ложата

Од:

Фудбалерите на Црвена звезда синоќа го победија Раднички од Крагуевац со 1:0 во седмото коло на првата лига, но по натпреварот се повеќе се зборува за дивеењето на навивачите на мечот што се одигра во Горњи Милановац.

Првично, навивачите на Звезда, Делиите, го навредуваа босанскиот тренер Феѓа Дудиќ, кој од клупата го водеше тимот на Раднички.

Од друга страна, навивачите на Раднички, Црвените ѓаволи, фрлија петарди на половина метар од играчот на Звезда, Вања Дркушиќ.

После тоа, фудбалерот не можеше да продолжи со игра, додека навивачите на Раднички фрлаа петарди кон официјалните лица и тренерите на гостите.

Тие ја фрлија мини „експлозивната направа“ во ложата на стадионот, а од неа со рана на дланката се здоби директорот на Звезда, Митар Мркела.

Помошникот на тренерот на Звезда, Небојша Милошевиќ се здоби со рана на стомакот од ова пукање, а Звезда објави како изгледала ногата на Мркела.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ