Бектеши: Комисијата за заштита на конкуренцијата не презема мерки за цените, а поминавме неколку кризи

Од:

Министерот за економија Бектеши информираше дека во делот на заштита на потрошувачите започнат е процес за зајакнување на надлежностите на Комисијата за заштита од конкуренцијата, а во наредниот период заедно со Државен пазарен инспекторат ќе се работи на терен во делот на зајакнување на контролите заштита на потрошувачите од зголемување на цените.

“Обврска на институциите што треба да направат инспекциски надзор е да контролираат и да прават редовни инспекциски надзори согласно програмите на неделно, месечно, годишно ниво. Не може да оставаме таквите институции да не бидат експедитивни и со месеци по најава на одреден потрошувач да преземат соодветна мерка.

Помиваме неколку кризи, а јас уште не сум слушнал да има претставка од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ние не можеме да се мешаме во работата на таа Комисија директно, зашто се избира од Собранието на Северна Македонија. Затоа почнавме измени во Законот со кој се определува работата на оваа Комисија. И ова не може само во време на криза“, кажа Бектеши.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Само Бектеши останува во притвор, другите инволвирани се на слобода

Горан Наумовски

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

Османи и Адеми кај семејството на притворениот Крешник Бекштеши за Рамазан Бајрам

Крешник Бектеши ќе дава свој исказ во Основниот суд во Кочани

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки

Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица

А1он