„Макфакс“ – анкета: Обвинителите на СЈО не треба да имаат веќе никаков допир со предметите

Од:

Во онлај-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Што треба да се случи со обвинителите од СЈО“, повеќето од испитаниците, односно 57,1 отсто се изјасниле дека тие не треба да имаат веќе никаков допир со предметите од СЈО.

Анкетата беше спроведена на 17 веб страници. Стартуваше на 12 септември во 17 часот и траеше 24 часа. Во овој период биле анкетирани 2.737 испитаници.

26,2 отсто од испитаниците се изјасниле дека обвинителите од СЈО треба да продолжат да работат независно, додека 16,7 отсто сметаат дека обвинителите треба да се вратат на старите позиции, но да ги водат предметите на СЈО.

Од вкупно 2.737 анкетирани, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, најголем дел бил мажи на возраст од 35 до 44 години. Над 81.7 проценти од нив гласале од Македонија, а другите од Германија, Грција, Австралија, Шведска и други држави.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Анкета на Gallup International Association: Во Македонија Трамп има 48%, а Путин 41% поддршка, регионот поделен

Предраг Петровиќ

Анкета на ФОМ: Русите сè повеќе ја поддржуваат политиката на Путин

Речиси половина од младите не веруваат дека земјава ќе стане членка на Европската унија

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво досега

Горан Наумовски