13-годишно момче во Австралија притворено поради тепачка, помина 45 дена во самица

Од:

13-годишно момче од Квинсленд, Австралија помина 45 дена во самица додека беше во притвор во Младинскиот притвор во Таунсвил. По 60 дена притвор момчето е пуштено, но условно. Приведен е поради тепачка со врсник.

Овој судски случај предизвика загриженост за човековите права во Квинсленд. Се верува дека 13-годишното момче поминало 22 последователни дена во самица. Шефот за човекови права во Квинсленд, Скот Мекдугал, вели дека во овој случај можеби се прекршени државните закони.

Момчето, додека било во притворот, ја поплавило ќелијата со вода од тоалетот, откако му било забрането да пие вода, изјавил за Би-Би-Си адвокатот на момчето, Тим Грау. Грау вели дека неговиот млад клиент нема сериозна криминална историја и бил приведен на многу суров начин.

Адвокатот вели дека не знае зошто момчето толку долго било во самица, но се сомнева дека тоа е поради недостиг на кадар во поправниот дом за млади. Тој наведува дека има над 80 деца во малолетнички притвор.

„Ако мојот клиент бил во самица поради недостаток на персонал, тогаш може да се претпостави дека и други деца таму се во иста ситуација. Можеби е почеста отколку што мислевме“, вели адвокатот.

Момчето поминало шест дена во затвор за возрасни пред да дојде во притворот за малолетници. Тој беше ослободен минатата недела со усно предупредување.

Во февруари, се дозна дека 13-годишно момче од Квинсленд со пречки во развојот поминало 78 дена затворено во ќелија по 20 часа на ден.

„Со оглед на законите што се носат во Квинсленд, кои јасно имаат за цел да затворат повеќе деца, станува уште поважно владата итно да развие кохерентен план за да ги спречи децата да влезат во системот на кривичната правда. Се грижам дека со зголемување на притисокот врз системот, ризикуваме да ја нормализираме злоупотребата на децата“, изјави активистот за човекови права Мекдугал за Би-Би-Си.

Во изјава за Би-Би-Си, портпаролот на Министерството за деца, млади и мултикултурни прашања во Квинсленд рече дека самицата или „сегрегацијата“ ретко се користат, но се користеле кога затворот немал друг избор.

„Самицата е дизајнирана да ја гарантира безбедноста на персоналот и младите во секое време. За време на одвојувањето, младите можат да добиваат посети и да користат услуги за професионална поддршка. Тие исто така можат да користат едукативни материјали, телефон и рекреација“, се вели во реакцијата на Министерството.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа