Зошто да не фрлиме бомба од 200 тони на Палестина-скандалозни пораки на фудбалерот

Од:

Откако со денови посакуваше масакр во Појасот Газа, а кога дојде тужбата, беше откриено дека пораките всушност биле напишани од неговиот менаџер на социјалните мрежи.

Израелскиот фудбалер Шон Вајсман (27) е обвинет за можно злосторство од омраза врз Палестинците. На неговите профили на социјални мрежи беше забележано дека сподели неколку пораки со омраза, што предизвика реакција на група Палестинци од Гранада – градот во кој настапува за истоимениот клуб – и затоа покраинското обвинителство мораше да реагира .

Шон Вајсман е многу активен на социјалните мрежи откако пред седум дена повторно ескалираше израелско-палестинскиот конфликт, споделувајќи непријатни пораки на Твитер. На пример, како одговор на веста за тоа како израелските полицајци држеле двајца голи и невооружени Палестинци на ниѓан со пиштол, Вајсман напиша: „Зошто не му пукаат во глава?“. После тоа ја избриша пораката, но тоа не беше единствениот таков испад.

Во следните пораки тој директно повика на „масакр на палестинскиот народ“, поради што споменатата група Палестинци од Гранада – и не само тие, како што им се придружија и некои други жители на Гранада – поднесоа тужба. На крајот, агентот на фудбалерот мораше да излезе и да се обиде да ја минимизира штетата што ја направи Вајсман.

„Лицето задолжено за водење на неговите профили на социјалните мрежи реагираше погрешно и импулсивно. Шон Вајсман го поддржува Израел по варварскиот и монструозен терор врз неговиот народ, но тој е и против насилството врз невините и се моли за мир“, рече Рој Рајбер кој се грижи за кариерата на Шон Вајсман. Сепак, ќе биде тешко да се објаснат сите одвратни пораки кои ги објави во изминатите неколку дена.

Меѓу другото, тој го напиша следново: „Скрши, разнеси, уништи… Одмазди се!“, „Која е логичната причина што веќе не е фрлена бомба од 200 тони врз Газа“, „Нема невини во Газа“, „Цела Газа го поддржува тероризмот“ и така натаму. Инаку, се работи за поранешен фудбалер на Макаби од Хаифа, Волфсбергер и Ваљадолид кој од јануари годинава е во Гранада.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање