Знамето на Шпанија на дресот на Лас Палмас за натпреварот со Барселона

Од:

Според распоредот во Примера, екипата на Барселона попладнево од 16 часот и 15 минути треба да го пречека тимот на Лас Палмас, но тензиите предизвикани поради референдумот во Каталонија го прави неизвесно одигрувањето на овој натпревар.

Според каталонскиот медиуми, по вонредниот состанок на клубот, Барселона официјално побара да се одложи натпреварот и сега се чека одговор.

Од друга страна, тим од Канарските Острови, Лас Палмас подготви свој политички одговор – издаде соопштение дека на дресовите за дуелот со Барселона ќе се најде и шпанското знаме.

– Можевме да бидеме неми сведоци за она што се случува или да дејствуваме во акција, одлучивме да направиме нешто. На нашиот дрес додаваме едно мало знаме на Шпанија со цел јасно да ја истакнеме нашата надеж за иднината на земјата. Ние отсекогаш сме чувствувале како дел од Шпанија. Со знамето испраќаме порака дека веруваме во единството на државата, соопштија од Лас Палмас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија