Наградата „Златна топка“ која се доделува на најдобриот фудбалер во годината, за прв пат нема да биде доделена откако е востановена во 1956 година.
Списанието „Франс фудбал“, организатор на церемонијата која традиционално се одржува на крајот на секоја година, објасни дека не постојат фер услови за доделување на наградата.
– „Златната топка“ – 2020 е откажана. Наградата нема да биде доделена за прв пат од почетокот на нејзиното етаблирање, соопштија од „Франс фудбал“.
Од 2008 до 2019 година наградите ги освојуваа Лионел Меси (шест пати) и Кристијано Роналдо (пет пати), со исклучок на 2018 година кога Лука Модриќ беше прогласен за фудбалер на годината.