Ѕвездата на парискиот фидбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ), Златан Ибрахимовиќ најави дека по четири години поминати во француската престолнина, го напушта клубот, пренесува дописникот на МИА од Париз.
– Дојдов како крал, заминувам како легенда, напиша Златан Ибрахимовиќ на својот профил на Твитер.
„Џинот“ од 34 години (1,95 m, 95 kг) дојде во ПСЖ во 2012 година од Милан. Со ПСЖ беше четири пати шампион на Франција, три пати победник на купот на Лигата и еднаш на Купот на Франција, но во лигата на Шампионите не помина подалеку од четфртфиналето.
Тој набрзо се стекна со слава во Франција, но и со бомбастичните изјави во кои ја критикуваше Франција како „нечиста земја која не го заслужува ПСЖ“. Неговото доаѓање во ПСЖ се совпадна со купувањето на парискиот клуб од катарскиот принц.
Тој има уште два натпревари со ПСЖ до крајот на шампионатот, но тој ќе игра уште неколку натпревари во Франција на Евро2016 како напаѓач на Шведска. За четирите години поминати во ПСЖ тој постигна 151 голови.
Најавата за неговото заминување го засенчи откривањето на составот на француската селекција за Евро 2016, напоравен синоќа.