Зидан: Сега секој натпревар е пресуден

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан пред натпреварот од 36. коло во Примера против Гранада рече дека овој како и преостанатите три дуели се пресудни во трката за шампионскиот трофеј.

– Би се излажале ако мислиме дека Гранада е лесен противник. Остана уште малку натпревари до крајот и секој од нив може да биде пресуден за трофејот. Дојдовме во ситуација секој бод да одлучува кој ќе го освои првото место и затоа ќе играме најдобро што знаеме. Гранада нема што да изгуби и тоа ни ја отежнува ситуацијата, бидејќи кога се игра растоварено е многу полесно. Мораме добро да се подготвиме и да влеземе максимално сериозно, истакна Зидан.

Натпреварот се игра вечер со почеток во 20:45 часот.

Реал Мадрид има 81 бод исто колку и Барселона која е на водечката позиција, додека Гранада е на претпоследното место со 20 бода и без шанса за опстанок во Примера.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

Зидан би можел да седне на клупата на Ливерпул

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски