Зидан сака физички моќен Реал, со Погба и Холанд во составот

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан веќе го разгледува составот на тимот за следната сезона. На Французинот ќе му се довери нов проект на Реал Мадрид, а тој има намера да ја зголеми физичката јачина на стартниот состав, објави „АС“.

Главната промена во одбраната треба да биде промената на улогата на Менди – тој ќе биде главниот играч на левата страна. Во средниот ред, Зидан сепак има намера да го донесе играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, на местото на Валверде или Лука Модриќ. Местото на Каземиро во составот не е доведено во прашање.Што се однесува до нападот, „Реал“ сè уште не одлучил дали да го купи напаѓачот на Дортмунд „Борусија“ Ерлинг Холланд. Ако се случи трансферот, тогаш во првиот состав најверојатно ќе го игра Норвежанецот, а не Карим Бензема, иако е можна и варијанта со двајца напаѓачи и Еден Азар како плејмејкер.

Во формацијата 4-3-3, Винисиус Жуниор и Марко Асенсио ќе бидат лоцирани на страничните позиции.

Посакуван состав на Зидан за следната сезона: Куртоа, Варан, Рамос, Карвахал, Менди, Каземиро, Крос, Погба, Винисиус, Азар и Холанд.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Зидан би можел да седне на клупата на Ливерпул

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години