Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема интерес за враќање на крилниот напаѓач Герет Бејл.
Велшанецот ја минува сезоната на позајмица во Тотенхем.
И покрај успешниот учинок на 31-годишниот играч за врска (пет гола на последните пет натпревари), Французинот е категорично против неговото враќање, сметајќи дека неговото присуство може негативно да влијае на тимот.
Без оглед на тоа како Бејл ја завршува сезоната во Тотенхем, Зидан не сака да го гледа во Реал, објави „ Defensa Central“.
За целата минатата сезона, Бејл одигра за Реал Мадрид само 16 натпревари во Ла Лига, и скоро целиот крај на шампионатот го помина на клупата за резерви или надвор од составот.